ОГЛАСИ

Гвардиола: Ова темпо не е нормално

Спорт | Свет | 03.01.2018 10:57Посети : 383

Манчестер Сити експресно се врати на победничките патеки во Премиер лигата после ремито со Кристал Палас (0-0) совладувајќи го Ватфорд пред своите гледачи со 3-1. „Граѓаните“ со голот на Стерлинг во 36-та секунда ја најавија победата, а ја заверија Кабаселе со автогол и Агуеро.



- Луѓето не можат да очекуваат дека ние секој натпревар ќе го добиваме со 7-0. Направивме неколку промени во тимот, но тоа е многу важно во овој период од годината. Знам дека ваков распоред мора да постоги, но ова темпо не е нормално. На овој начин ќе ги „убиеме“ играчите. Федерацијата воопшто не ги заштитува играчите, а мора, бидејќи играат цели 11 месеци без никаков одмор. - рече Пеп Гвардиола.

На шести јануари Манчестер Сити на домашен терен во ФА Купот го пречекува Барнли, три дена подоцна ќе се сретне со Бристол Сити во 1/2 финалето во Лига Купот, а на премиерлигашки обврски се враќаат на 14 јануари со дуелот против Ливерпул.



„Граѓаните“ се неприкосновени лидери во англиската Премиер лига со 15-ет бодови позитива пред Манчестер Јунајтед.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 92 гласови (30%)

Не - 215 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833