ОГЛАСИ

Охриѓанец лишен од слобода поради семејно насилство

Вести | Охрид | 03.01.2018 12:31Посети : 4246

47-годишен охриѓанец „заработи“ кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“. Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти ноември и на 12-ти декември минатата година во семејниот дом во охридското село Горно Лакочереј, во вечерните саати.



- Поради одредени семејни недоразбирања, пријавениот започнувал жестока вербална расправија со својата вонбрачна сопруга, а потоа и физички ја нападнал. Тој, по главата и по целото тело, ја удирал со раце и нозе нанесувајќи и крвни подливи и други повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Врз оштетената, по основ на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, извршен бил медицински преглед на хируршкото оделение при Општата болница во Охрид, каде биле констатирани повредите и и била пружена неопходна медицинска помош.


По консултација и овластување на Јавниот обвинител, сега пријавениот бил лишен од слобода.


OhridNews     


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 11 гласови (22%)

Полуфинале - 23 гласови (47%)

Финале - 15 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833