ОГЛАСИ

Застапникот на Discovery и Eurosport: Исклучувањето на каналите е одлука на операторите

Вести | Македонија | 03.01.2018 16:21Посети : 1992

Застапникот на тв правата во Македонија на Discovery и Eurosport со писмо до гледачите кои ја следат тв програмата преку операторите Оне.Вип и Македонски Телеком.
Оттаму објаснуваат дека од 1-ви јануари, претплатниците на Оне.Вип и Македонски Телеком немаат пристап до каналите на Discovery со своите претставителни брендови како што се Discovery каналот, TLC, Investigation Discovery. Понатаму, Еуроспорт 1 и Еуроспорт 2 исто така не се повеќе достапни на гледачите на Оне.Вип и Македонски Телеком.



- И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори, мораме да признаеме дека сме изненадени и воедно разочарани, од фактот што двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат нашата долготрајна соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап, со остранување на глобално најгледаниот број 1 спортски канал, вели застапникот.

Македонските гледачи нема да имаат повеќе пристап на најголемите светски спортски настани кои се прикажуваа на Еуроспорт, како што е Бундес лига, следната сезона на Гранд Слем, првата од многуте Олимписки игри во февруари која е комплетно покриена од страна на спортските канали: Dicovery платформата прикажува одлични шоуа како што се: Running Wild with Bear Grylls, Wheeler Dealers, Gold Rush, како и шоута кои наскоро ќе се прикажуваат: Tesla's Death Ray: A Murder Declassified; TLC’s Cake Boss, Say Yes to the Dress, My Big Fat Fabulous Life.

- Ги охрабруваме нашите фанови да ги комуницираат своите ТВ провајдери и да ги изнесат своите желби да се вратат на емитување Discovery каналите, TLC, Investigation Discovery, Еуроспорт 1 како и Еусроспорт 2. Во меѓувреме ја продолжуваме нашата долга соработка со Телекабел како и остананати регионални оператори во Македонија, кои остануваат да го прикажуваат портфолиото на Discovery каналите на своите платформи, се наведува во дописот.


Се додава дека преносот во живо на Еуроспорт е достапен во секое време, на секое место на самата Eurosport Player платформа, на линкот www.eurosportplayer.com


 





© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 92 гласови (30%)

Не - 215 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833