ОГЛАСИ

11 години рефлексија на успехот: На гала вечер OhridNews ги додели признанијата за 2017 и ја промовираше Годишната ревија на настани

Вести | Охрид | 05.01.2018 11:05Посети : 5452

Голем број гости, меѓу кои и бројни јавни личности, градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, претседателката на Советот Живка Ангелоска, деловни партнери и пријатели, присуствуваа на промоцијата на четвртата Годишна ревија на настани и доделувањето на признанијата на најдобрите приказни во 2017 година, на гала вечерта што синоќа се одржа во „Куба Либре“. Во опуштена атмосфера се коментираа случувањата од изминатата година, а присутните уживаа во прекрасниот поглед на Охрид и вината на Далвина.






-Медиумите се одраз на состојбите во општеството. Какво општество, такви медиуми. Новинарското перо одамна е истапено, квалитетот на информациите кои се пласираат во морето вести крајно сомнителен и оптоварен со сензационализам, непрофесионализам, необјективност, сервилност и авто цензура. Во една таква состојба OhridNews и натаму се труди да опстои на темелите кои цврсто ги постави пред 11 години - да биде деконтаминирана зона каде ќе се пласираат проверени информации, да остане оригинален и препознатлив и да работи во интерес на објективно информирање на граѓаните. - истакна во обраќањето главниот и одговорен уредник на OhridNews Горан Момироски, на свеченоста со која беше заокружено одбележувањето на единаесет годишнината од почнувањето со работа на првиот информативен портал во Република Македонија.





Во годишната ревија на настани хронолошки се поместени најзначјните збиднувања во Охрид во 2017 година, која беше исклучително турболентна.


-Во годината што измина објавивме над 10.000 информации, во најголем дел авторски вести на професионалниот новинарски тим на порталот. Во годишната ревија на настани отстапуваме простор за позначајните случувања што ја одбележаа 2017 година. Потсетуваме и им оддаваме признание на успешните приказни, личности и организации кои оставија белег во годината што измина, затоа што сакаме да сме позитивни и со таква енергија да го продолжиме заедно патот кон успехот, секој во својата област, а сите заедно за нашиот Охрид, затоа што овој град тоа го заслужува и има и луѓе и колективи и капацитет да биде подобро место за живеење. Одговорноста за тоа е на сите нас. - додаде Момироски.





Хуманитарниот хепенинг „Сите играме за Јане“ е прогласен за хуман настан на година во Охрид за 2017 година во изборот на редакцијата на OhridNews. На свеченоста благодарност им беше искажана на хуманите активисти Гордана Лолеска, Ивана Маховска Шикалеска, Влатко Стојкоски, Наум Јанкулоски и фудбалската школа Топ Тим, општина Охрид и другите помагатели, ракометните ветеранки, РК Лихнид, лајанс клубот Лихнидос, на медиумите и на активистите на Здружението „Живот со предизвици“ за организацијата и помошта во реализацијата на настанот за подршка на малиот Јане Велковски кому му е дијагностицирана спинална мускулна атрофија и за поддршката на лицата со ретки болести.



-Благодарам на сите што го поддржаа овој настан кој вроди со плод. Вчерашната вест за ставањето на лекот на „Спинраза“ во регистарот на лекови за ретки болести во Република Македонија одекна насекаде и не направи премногу среќни и горди. Ние бевме само едно мало делче што му помогна на семејството на Јане како и на другите деца со ретки болести, посебно на тие со спинална мускулна атрофија наскоро да го добијат лекот. - истакна Гордана Лолеска, активист на здружението „Живот со предизвици“.



Свое обраќање до присутните со видео порака имаше и малиот, но голем борец Јане Велковски, кој искажа благодарност до охриѓани за поддршката на лицата со ретки болести.



За спортски настан во Охрид за 2017 година во изборот на OhridNews беше прогласена манифестацијата „ОХРИД ТРЧАТ“ во организација на  Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“.


- Минатата година навистина како што кажавте беше турболентна, а ние одлучивме да отпочнеме една нова традиција која ќе понуди нешто ново за Охрид. Тоа ни е целта 365 дена да имаме нешто ново во спортот во Охрид. - истакна Иван Цветкоски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“.



-Голема благодарност до OhridNews за ова признание, но посебно за поддршката на Охрид Трчат, кој немаше да биде тоа што беше без OhridNews и другите помагатели. - рече Антонио Додевски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“.



-Најавувам уште еден голем спортски настан во организација на Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“, кој ќе се одржи на крајот на ова лето и кој ќе ја збогати понудата на нашиот Охрид. - додаде Јоне Станкоски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“.



Агенцијата „Вис Пој“ која изминатата година одбележа 15 години од основањето, беше прогласена за „Туристичка приказна на годината“.


- Ова е едно од подрагите признанија кои ги добиваме и е потврда за нашата работа. Сакам да се заблагодарам на сите деловни партнери и на сите кои не поддржуваат овие години. - истакна сопственикот на ТА „Вис Пој“ Олег Маленко.



Признание ОhridNews му додели и на АД „Галеб Охрид“ за нејпрепознатлив транспортен бренд кај нас, кој во 2017 година одбележа 70 години успешна работа.


- OhridNews се кажа за Галеб и за нашиот јубилеј - 70 години од постоењето. Ви пожелувам на сите среќна Нова година, успех и среќа во 2018 година. - рече генералниот директор на АД „Галеб“ Охрид Љупчо Василески.




Издавањето на Годишната ревија на настани која бесплатно ќе биде дистрибуирана до читателите, го помогнаа: АСП ПАК, Далвина, Горска, Староградско, Куба Либре, Еуро Стил, Топ Маркети, кафе и бар Шила, ресторан Канео, Стоматолошки центар Д-р Баткоски, аптеки Виа Фарм, ресторан Виа Игнација Вевчани, ТА Вис Пој и Love&Life studio, кое фото и видео го документираше настанот.


ФОТО ГАЛЕРИЈА:





























OhridNews ги додели наградите на најдобрите и ја промовираше Годишната ревија на настани 2017 


OhridNews


 


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833