ОГЛАСИ

НАСА го планира првиот меѓуѕвезден лет за 2069 година

Занимливости | Свет | 10.01.2018 16:23Посети : 308

На 4.4 светлосни години оддалеченост од Земјата се наоѓа ѕвездениот систем „Alpha Centauri“, трио од ѕвезди именувани „Alpha Centauri A“, „Alpha Centauri B“, и „Proxima Centauri“. На дистанца од само 24.9 трилиони милји, овие три ѕвезди се најблискоит сосед на нашето Сонце.



Во 2016 година, астрономи во Чиле забележале планета слична на Земјата која орбитирала околу најмалата од трите ѕвезди, „Proxima Centauri“. И сега, НАСА сака да ја посети. Минатата година, научници од НАСА презентирале план според кој, во чест на 100 годишнината од слетувањето на човечки екипаж на Месечината, да се лансира летало на мисија до „Proxima Centauri“ во 2069 година.


Речиси е сигурно дека на оваа мисија ќе нема човечки екипаж, затоа што моментално, на најбрзото вселенско летало кое некогаш било лансирано од Земјата би му биле потребни 18000 години за да стигне до својата дестинација. Но, во 2016 година американскиот Конгрес и нареди на НАСА да го испита потенцијалот за изградба на вселенско летало со многу поголема брзина, дури и до 10% од брзината на светлината, или околу 250 пати побрзо од досега изградените летала.


Вселенско летало со една десеттина од брзината на светлината би патувало до системот Alpha Centauri околу 44 години, а за да емитува сигнал до Земјата за да не информира за тамошната состојба, показатели дека има живот или некогаш имало, би му биле потребни дополнителни четири и пол години. Или накратко, за ваква мисија би биле потребни речиси 50 години за да се заврши.


Како би изгледал таквиот вселенски брод?


Повеќето експерти се на иста бранова должина кога станува збор за ова прашање. Тие се сложуваат дека леталото би било многу мало и би се движело на погон кој би ја собирал енергијата од ласерите базирани на Земјата преку големи “соларни едра“. Но, постојат и други можности, како на пример напредни нуклеарни системи или речиси митскиот Ем погон, кој наводно го прекршува третиот Њутнов закон, поместувајќи мали објекти без никакво согорување на гориво.


Меѓутоа, ниту еден од овие системи не се докажал како способен за придвижување на вселенско летало при меѓуѕвезден лет. За сите овие системи би биле потребни години усовршување пред да можат да се вградат во ваков тип на вселенско летало.


Компаниите кои се занимаваат со проучување на вселената немаат потреба да изградат вселенско летало за да профитираат. Тие добиваат огромни суми на пари од американскиот Конгрес само за истражување на нови технологии и развивање и тестирање на прототипи. Доколку изнајдат соодветно решение тоа може да им донесе само дополнителни приходи во иднина.


Доколку НАСА  е сериозна околу испраќањето на вселенско летало на мисија до „Alpha Centauri“ и Конгресот продолжи да ја финансира според ветеното, тогаш постои реална можност компаниите кои ја започнале оваа работа сега, да продолжат со неа и да профитираат од неа, во наредната 51 година, кога мисијата би започнала, уште 50 години после тоа, за време на траењето на таа мисија и дури и по нејзиното завршување, за анализирање на податоците од неа.


За колкава сума на пари зборуваме?


Можеме само да се претпоставува. Одговорот би бил шпекулативен исто колку и технологиите за кои се зборува. Но, еве еден пример: во 2015 година НАСА и исплатила 9 милиони долари на „Astra Rocket Company“ за да се обиде да развие 200 мегаватен јонски мотор кој би го напојувал вселенското летало на иднината. Истата година, „Aerojet Rocketdyne“ добила тендер од 18 милиони долари за да развие сличен мотор. Тоа се 27 милиони долари потрошени за финансирање на развивање на технологии што можеби и никогаш нема да успеат, пишуваат светските медиуми.


А.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833