ОГЛАСИ

„Кеј Ди“ ја мина маѓичната бројка на поени во НБА лигата

Спорт | Свет | 11.01.2018 10:53Посети : 323

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант ја мина маѓичната бројка од 20 000 поени во НБА лигата. Тој на синоќешниот меч со Лос Анџелес Клиперс постигна 40 поени и стана еден од ретките активни играчи кои можат да се пофалат со ваков учинок.



Моментално водечките стрелец е Леброн Џејмс со 29 874 поени, а бројката од 30 000 поени ја имаат поминато Карим Абдул Џабар (38 387), Карл Мелоун (36 928) Коби Брајант (33 643), Мајкл Џордан (32 292), Вилт Чемберлејн (31 419) и Дирк Новицки (30 796).

- Не знам и никогаш не се знае дали ќе ја поминам бројката од 30 000 поени во НБА лигата. Имав сезона и пол за заборав каде повеќе паузирав, отколку што играв и година дена поминав во колеџ. Јас повеќе сакам да бидам константен и да победуваме, а не давам 60 поени и да ги губиме натпреварите. - рече популарниот „Кеј Ди“ кој е 44-ти играч со 20 000 поени во НБА лигата.



Минатата сезона „Кеј Ди“ го исполни сонот со „воините“ освојувајќи ја титулата во НБА лигата. Тој замина од Оклахома и го навлече гневот на навивачите.

- Нема за што да жалам, бидејќи со Голден Стејт ја освоив титулата и ги остварив моите соништа. Се одреков од многу поени, но постигна уште поголема цел освојувајќи ја титулата. - додаде Дурент кој има добри спомени од Оклахома.

Во текот на кариерата Дурант има просек од 27,2 поени со ефектен шут од 48,8%, 5,6 скокови и речиси 3 асистенции.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 324 гласови (38%)

Не - 536 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833