ОГЛАСИ

Среќна ждрепка за Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен

Спорт | Свет | 11.01.2018 11:52Посети : 600

Новак Ѓоковиќ имаше среќа на денешната ждрепка за Австралија опен и успеа да ги избегне во раната фаза од турнирот големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.



Србинот со Шпанецот може да се сретна само во финалето, додека евентуална пресметка со Швајцарецот е можна само во полуфиналето. Ѓоковиќ поради шестмесечната пауза назадуваше на АТП-листата и поради тоа во Мелбурн, каде што има освоено шест титули, ќе биде 14. носител.

Првиот носител, Надал, турнирот ќе го отвори против ветеранот Естреља Бургос, а на неговиот пат се наоѓаат Леонардо Мајер, Дамир Џумхур, Џон Изнер и Марин Чилиќ. Хрватот, кој е шести носител, во првото коло за противник го доби Џон Милман, а на неговата страна од костурот се Куевас, Милер и Карењо-Буста.

Бранителот на титулата, вториот носител Роџер Федерер, во првото коло ќе игра против Аљаж Бедене, во второто коло најверојатно ќе го чека Германецот Штруф, а прв од носителите на неговиот пат може да биде Ришар Гаске. Во осмина-финалето можни противници на Швајцарецот се Раониќ или Квери, потенцијален ривал во четврт-финалето му е Давид Гофан, но во овој дел од костурот се наоѓаат и Дел Потро, односно Бердих и Фоњини.

Третиот фаворит, кој лани играше во полуфиналето, Григор Димитров, во првите две кола ќе игра против квалификанти, а потоа проектиран ривал му е Андреј Рубљов. Осмина-финалето на Бугаринот ќе му ги донесе Кирјос или Цонга.

Ѓоковиќ во првото коло за противник го доби Американецот Доналд Јанг, во второто коло најверојатно ќе игра против Гаел Монфилс, а потенцијален ривал во третата рунда му е Алберт Рамос.

Првиот Гренд слем во сезоната се игра од 15 до 28 јануари, кај мажите титулата ја брани Федерер, додека во женска конкуренција Мелбурн ќе добие нова шампионка откако ланската победничка Серена Вилијамс го откажа учеството.

Наградниот фонд на Австралија опен изнесува 43.200.000 американски долари.


„Макфакс“
OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833