ОГЛАСИ

Вуко Борозан се повредил паѓајќи преку банкина, а не во сообраќајна несреќа

Спорт | Свет | 11.01.2018 15:38Посети : 247

Најдобриот играч и стрелец на црногорската репрезентација, Вуко Борозан, на 18 декември минатата година во сообраќајна несреќа се здоби со повреда на рамото и бутниот мускул поради што ќе го пропушти Европското првенство, беше информацијата што ја разочара јавноста во оваа земја, но денеска медиумите излегоа со информации дека вистината за повредата на најдобриот спортист на Црна Гора е поинаква. Како што пишуваат црногорските медиуми, повикувајќи за на полицискиот билтен, Борозан паднал преку банкина кога излегувал од автомобилот. 



- Дежурната служба на Одделението за безбедност Цетиње во ноќта меѓу 18 и 19 декември 2017 година во 1:55 часот доби известување од дежурниот лекар од единицата за Итна медицинска помош дека кај нив е примен В.Б. (24) од Цетиње со повреди во пределот на главата и дека по укажаната лекарска помош е упатен на хируршкото одделение во болницата ‘Данило Први’ во Цетиње.

Таму е испратен полициски службеник кој извршил разговор со В.Б. и неговиот татко П.Б. Тие му соопштиле дека В.Б. повредите ги добил кога на магистралниот патен правец Цетиње-Подгорица, во месноста Добрско Село, кога излегувал од возилото, кое го управувала неговата свршеница, се сопнал преку банкината и паднал. - стои во полицискиот билтен кој на увид го имала редакцијата на весникот „Вијести“.

Дежурниот доктор на хируршкото одделение во болницата кој го примил Борозан на полицаецот му кажал дека ракометарот има лесни телесни повреди и тоа го констатирал во службената белешка што ја составил полицаецот.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833