ОГЛАСИ

Помалку алкохол, без петарди и оружје за карневалските денови

Вести | Охрид | 12.01.2018 11:28Посети : 627

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод годинешниот Вевчански карневал, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план, информираат од СВР.



- Во текот на карневалските денови, мерките на СВР Охрид и полициската станица од Струга се насочени кон зачувување на стабилна безбедносна состојба на целото подрачје во јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот. Со оглед дека јавните карневалски манифестации ќе се одржуваат на отворен простор и во присуство на зголемен број граѓани и гости од земјава и странство, полициски службеници ќе вршат физичко и сообраќајно обезбедување на карневалските манифестации, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Целокупниот сет безбедносни мерки за непречено одвивање на Вевчанскиот карневал, деновиве беше презентиран на работна средба помеѓу претставници на СВР Охрид и на локалната самоуправа од Вевчани. Притоа, од локалната самоуправа биле побарани дополнителни активности на нивните редарски и други служби во насока на подобрување на севкупните состојби за  непреченено одржување на карневалот.


Од работната средба произлезе апел до граѓаните, во текот на карневалските прослави да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.


OhridNews
 


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833