ОГЛАСИ

Крстот ќе се фрла во 10 часот, пријавување на фаќачите од понеделник

Вести | Охрид | 12.01.2018 15:08Посети : 1980

Утринските богослужби во парохиските цркви во Охрид, на 19-ти јануари, на прославата на Богојавление-Водици ќе започнат во 7 часот, а во 8.30 литургиите. Во 9.45 литиите од сите парохиски цркви ќе се упатат кон градското пристаниште каде во 10 часот ќе се врши водосвет и ќе се фрла крстот во осветените езерски води, информираат од Дебарско-кичевската епархија.



- Пријавувањето на заинтересираните капачи ќе почне од понеделник и ќе може да се изврши во сите парохиски цркви во кои ќе има служби. Пријавените капачи од 18 јануари во 19 часот ќе можат да извршат и медицински прегледи во поставени шатори кај Рибниот ресторан, изјави Илија Ристески од Дебарско-кичевската епархија.

Претседателот на Организациониот одбор за Водици, Љупчо Грданоски, потенцира дека подготовките за празнувањето се при крај и се одвиваат непречено.


- Се уредува просторот, расчистува дното на езерото. И годинава ќе има групно крштевање кое ќе се изврши во 12 часот на Сараиште. Се уште се чека списокот на гости од државниот врв и странство кои ќе присуствуваат на настанот, вели Грданоски.


Прославата на Водици ќе продолжи и во вечерните часови, кога на главната сцена на градскиот плоштад ќе настапи групата Фолтин.


Денот на рибарите традиционално ќе се одржи наредниот ден, на 20-ти јануари, на Сараиште каде ќе се одржи капењето на рибарите, а присутните ќе имаат можност да пробаат рибна чорба, плашици, пача и вино.


OhridNews



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833