ОГЛАСИ

Тунтев: СДСМ поднесе закони за намалување на патните трошоци на пратениците

Вести | Македонија | 12.01.2018 15:40Посети : 1355

Пратеничката група на СДСМ и здружената коалиција денеска до Собранието достави Предлог-закони за измени на Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани функционери и на Законот за пратениците, со кои се предлага намалување на висината на надоместокот за патни трошоци за користење на сопствено возило во службени цели, што го добиваат пратениците и другите избрани и именувани функционери, како и отстранување на сите можности за евентуални злоупотреби, изјави координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев. 



-Интенцијата на пратениците на СДСМ е овој надоместок што го добиваат пратениците да се намали за половина, односно неговата висина од 30 проценти да се намали на 15 проценти од цената на литар гориво по изминат километар. За таа цел веќе имаме подготвено и Предлог-Одлука со која поконкретно се регулира исплатата на надоместокот на патни трошоци, во која предлагаме висината на надоместокот да се намали од 30 на 15 проценти. Во однос на отстранувањето на можностите за злоупотреби при исплатата на патните трошоци, предлагаме наплатата да се врши само врз основа на фискални сметки за платена патарина кои што се платени со кредитна или дебитна картичка во сопственост на пратеникот. Односно преку т.н. слипови кои што ќе бидат доказ дека пратеникот лично платил патарина. Овие измени исто така се наведени во Предлог-Одлуката која што веќе е подготвена и којашто ќе ја поднесеме до Комисијата за избори и именувања, веднаш по усвојувањето на законските измени и дополнувања. - рече Тунтев.


Тунтев истакна дека за иницијативата за законските измени што ги прелага СДСМ на 1 декември преку писмен допис го информирал претседателот на Собранието Талат Џафери.


-Очекувавме дека ќе успееме заеднички, преку консултација со сите засегнати пратенички групи, да изградиме консензус за ова прашање. Во тој контекст беше и периодот од еден месец да има време претседателот Џафери онака како што најави да даде предлог до парламентарниот институт да ги испита можностите на нашите доставени предлози, односно за консултации со другите пратенички групи, пред нашата пратеничка група да ги предложиме законските измени. За жал, досега и јас како координатор и ние како пратеничка група немаме добиено мислење од никого по однос на предложената Иницијатива. Очекуваме и се надеваме дека за овие предлози ќе добиеме поддршка од сите пратенички групи во Собранието и заеднички ќе ги усвоиме овие законски решенија. Ова го мислам пред се, и во моментот кога ќе се врати опозицијата, значи заедно консензуално да донесеме став и одлука околу ова прашање. - додаде Тунтев.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833