ОГЛАСИ

Во ноември во Охрид издадени 4 одобренија за градба

Вести | Охрид | 12.01.2018 19:03Посети : 1889

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017во Охрид сесе издадени 4 одобренија за градба, две на физички, а две на правни лица.


Нивната вредност се проценува на околу 60,18 милиони денари. Во истиот период во Струга биле издадени 5 дозволи за градба, а во земјава вкупно 229 одобренија за градење, што е за 36.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. 


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 633 303 илјади денари, што е за 72.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. 


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 140 (61.1%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (7.0%) за објекти од нискоградба и 73 (31.9%) за објекти за реконструкција. 


Од вкупно 229 објекти, на 168 (73.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 61 (26.6%) објект инвеститори се деловни субјекти. 


Во извештајниот период е предвидена изградба на 306 станови со вкупна корисна површина од 29 819 м2.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 84 гласови (29%)

Не - 206 гласови (71%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833