ОГЛАСИ

Вевчански карневал 2018: Василичарите најдоа решение за спорот со името, црквата, загадениот воздух.... (видео-фото)

Вести | Охрид | 13.01.2018 17:18Посети : 4900

Кај да си за Василица во Вевчани да си. Ова село со немирен дух 14 века ја одржува карневалската традиција. А вевчанци од Горна и Долна маала уште од рано утро ги започнаа завршните подготовки за дефилето под маски, на кои долго работат. Низ вевчанските сокаци покрај традиционалните Зет и Невеста, Глупавиот август и свирачите, денеска прошетаа митски и филмски јунаци, воини, разни чудовишта, но и многу групни маски на актуелни политички теми, спорот за името, МПЦ, загадениот воздух, правата на сексуалните работнички...


И годинава неодминлив дел од карневалот беа политичарите на кои беа посветени повеќе маски. 


Карневалот привлече голем број гости од странство кои по чашка две домашна ракија или вино брзо се вклопија во карневалскиот амбиент.



Учесниците во карневалот вечерва ќе ги посетат сите домови на вевчанци. Предвидена е и богата културно забавна програма. Карневалот завршува утре на пладе со оро сред село кога ќе бидат извадени василичарските маски. 


ФОТО ГАЛЕРИЈА:











































Василичарите најдоа решение за спорот со името, црквата, загадениот воздух....


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833