ОГЛАСИ

Вечер за паметење - Концерт на Љубојна за Стара Нова година во Охрид

Вести | Охрид | 14.01.2018 11:21Посети : 1996

„Излегу да се мамо рашета“, „Твојте очи Лено“ и многу други големи хитови, испеани од грлото на Вера Милошеска, синоќа, направија Охрид да доживее уште една вечер за паметење со настапот на групата Љубојна. Еден од најоригиналните домашни музички состави настапи на Градскиот плоштад како дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и прославата на празникот Стара Нова година-Василица.




Охриѓани, но и гостите кои ги има во голем број во регионот и поради Карневалот во Вевчани и во Куратица, уште еднаш покажаа дека се „гладни“ за вакви настани и ги охрабруваат организаторите да продолжат со новиот концепт на прослава на Нова година и сите празници во овој период од годината во Охрид кој се покажа како полн погодок. Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.



На малата сцена на Градскиот плоштад, денес од 12:00 часот, настап имаат членовите на КУД „Бисери“, а на новата сцена кај малиот плоштад кај Мини маркет од 13:00 часот ќе се одигра новогодишната театарска претстава–ПХВ Шоу (Промоција на хумани вредности Шоу) од Клубот на млади при ООЦК Охрид со кој преку глума, пантомима и музика ќе се испрати силна порака за мир, хуманост и толеранција.




Следуваат и Трката на келнерите, Изложбата на отворено на најубави фотографии од Охрид, Фестивалот на графити и модерна уметност… На 19-ти јануари за големиот верски празник Водици на големата сцена на Градскиот плоштад ќе настапи групата „Фолтин“, со што ќе биде крунисана целата манифестација.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 324 гласови (38%)

Не - 536 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833