ОГЛАСИ

Ѓоковиќ подобар од Монфис во брутални услови за игра

Спорт | Свет | 18.01.2018 11:14Посети : 500

На 39 целзиусови степени Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-1, 6-3) го совлада Гаел Монфис и обезбеди пласман во следната рунда на грен слем турнирот Австралија Опен.



Ѓоковиќ до 15-та победа во меѓусебните пресметки со Монфис дојде со пресврт, откако го загуби првиот сет. Во текот на дуелот двата тенисери побара пауза поради топлото и неподносливото време.



- Двајцата „патевме“ од условите за игра кои во најмала рака беа брутални. Во мечот влегов со мисла дека повеќе ќе се борам со условите отколку со Монфис. Тој е неверојатен тенисер со најголеми атлетски способности меѓу нас. Дури во вториот сет успеав да го најдам рецептот за поени и дојдов до егал. Тој после падна, јас го искористив и го добив третиот сет, а во четвртиот малку фалеше да замине во негова корист. - изјави Ѓоковиќ.



Српскиот тенисер на задоволство од навивачите во Мелбурн ја санираше повредата на лакотот која од терените го оддалечи цели шест месеци.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833