ОГЛАСИ

ЕП: Трите дена одмор повеќе од потребни за ракометните „воини“

Спорт | Македонија | 18.01.2018 15:00Посети : 381

Ремито со Германија и првото место во Ц групата на македонските ракометни „воини“ им донесоа три бодови и три денови за одмор во пресрет на почеток на мечевите од главната фаза кои ќе се одиграат во Вараждин.



„Црвено жолтите“ дуелите во втората етапа на ЕП во Хрватска ги започнуваат со Шпанија в недела, а потоа силите ќе ги одмерат со Чешка и Данска.

- Ни треба одмор да се регенерираме и да дојдиме при себе после трите тензични мечеви во Загреб. Добро е што не изгубивме многу време патувајќи, бидејќи Вараждин е блиску до Загреб. Очекувам силна поддршка од нашите навивачи како што беше и во Загреб. - изјави Кирил Лазаров.



„Црвена фурија“ ќе биде првиот ривал на Македонија во главната фаза, а главен адут на Филип Миркуловски е селекторот Раул Гонзалес кој потекнува од трофејната шпанска ракометна школа.

- Во однос на Шпанија имаме мала предност покрај бодовната, бидејќи нашиот селектор добро ги познава и заедно ќе ги анализираме сите нивните маани и добри страни. Полуфиналето на ЕП не е недостижно, но треба да одиграме максимално како и до сега и среќата да не прати во одлучувачките моменти. - додаде неуморниот борец Миркуловски.



Македонија од првата позиција со три бодови ја започнува главната фаза и со голема надеж за пласман во завршницата од ЕП.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1380 гласови (88%)

Не - 184 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833