ОГЛАСИ

ЕП: Импресии од лице место во Загреб на охриѓанецот Цветко Голабоски (видео)

Спорт | Охрид | 19.01.2018 18:28Посети : 3605

Репрезентацијата на Македонија ја покори хрватската престолнина Загреб завршувајќи на првата позиција во Ц групата пред ракометните веле сили Германија и Словенија, а „црвено жолтата“ навивачка фаланга по кој знае кој пат ги освои симпатиите на светската јавност. Со суперлативи во хрватските медиуми се пишуваше за нераскинливата врска која имаат ракометарите и навивачите.



Директно за случувањата, еуфоријата пред и после мечевите кои Македонија ги одигра во Загреб за Ohrid News ги открива охриѓанецот Цветко Голабоски кој и после два дена од доаѓањето не може да ги сумира впечатоците и среди мислите.

- Одлуката да одиме во Загреб со мојот брат Бојан и роднината Трајче Апостолоски ја донесовме веднаш после ждрепката за групите на Европското првенство. На почетокот од подготовките за тргнувањето се уште немавме билети за натпреварите обезбедено, но се одлучивме да не ризикуваме и купивме три блок билети за натпреварите на Македонија во Ц групата. Во Загреб пристигнавме во петок доцна попладне, се сместивме кај наша блиска роднина со која заедно прошетавме и не осетивме некоја посебна ракометна еуфорија низ градот. Во саботата попладна почна да се екипира „црвено жолтата“ навивачка фаланга и почна да расте атмосферата, а пред влезот во салата почнаа да се пеат македонски песни. Натпреварот започна, а загребската „Арена“ речиси да беше полна со навивачи од Македонија и Словенија. Мечот беше фантастичен во секој поглед. Нам и на повеќе македонски навивачи билетите ни беа зад едниот гол, а хрватите се покажаа добри домаќини и ни дозволија да се групираме, бидејќи на повеќе места имаше мали групи кои ја бодреа Македонија. Ракометарите на наше големо задоволство победија, а сите навивачи уште половина час останавме и пеевме победнички песни. - раскажува Голабоски.



Македонија во вториот меч со Црна Гора забележа нова победа, со ист рецепт како против словенците и обезбеди пласман во главната фаза. - На дуелот со Црна Гора недостасуваа противничките подржувачи, затоа што ние бевме горе долу истата бројка. Иако мечот беше тежок и неизвесен, навивањето не беше на ниво од дуелот со Словенија. - резимира нашиот соговорник.



Натпреварот со Германија беше празник на ракометот за гледачите и супер предизвик за пулените на селекторот Раул Гонзалес. Ракометарите одговорија јако и дрско на предизвикот ремизирајќи со европскиот шампион, а победата им избегна за влакно.

- Тој меч беше највозбудлив и најстресен за гледање, а имаше и најмногу навивање. Германците имаа поддршка од 200 навивачи, но нашата за македонските ракометни „воини“ беше неверојатна. Ремито, и покрај тоа што имавме шанси за триумф го прославивме како победа, а долго време го скандиравме името на Стоилов кој без разлика на промашувањето заслужи чиста десетка. На последните пет минути од дуелот воопшто не се сеќавам, бидејќи владеше тотален хаос и делирум надополните со среќни и тажни емоции. - истакнува Голабоски што се случувало за време на мечот со Германија.



Дербито во Ц групата имало и „трето“ полувреме кое траело од загребската Арена до градскиот превоз и до фан зоната на македонските навивачи.

- После мечот сите навивачи од Македонија влеговме во трамвај кој искрено незнам како издржа со сите нас. Еден жител од Загреб запеа македонска песна и тогаш почна неверојатната еуфорија во трамвајот и надвор од него до фан зоната во која веќе имаше луѓе. Случувањата таму се приказна за себе, а доаѓањето на репрезентативците го пропуштивме, бидејќи не чекаше долг пат до нашето престојувалиште. - завршува Голабоски.



Првиот меч на Македонија против Шпанија во главната фаза Цветко ќе го проследи пред малите екрани, а потоа не се знае што ќе испадне и какви планови ќе испаднат за уште една навивачка авантура.


Михаил Постоловски

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 533 гласови (31%)

Не - 1174 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833