ОГЛАСИ

Собор на Св. Јован Крстител

Празници | Празници | 20.01.2018 07:00Посети : 701

Православните Христијани денеска го одбележуваат празникот Собор на Св. Јован Крстител. Црквата утврдила овој празник да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е затоа што главната служба на Свети Јован, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

Во младоста Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години по божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Во тоа време Исус се подготвувал за учител. Но според тогашните закони учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус кога наполнил 30 години дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован кој дотогаш не го имал видено, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот Јован го одвраќал велејќи му: „Јас треба од тебе да бидат крстен, а ти при мене ли доаѓаш?“ Но кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата.

Јован постојано ги проповдал позитивните животни принципи, и жестоко ги критикувал неморалот, лагите, развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв.

Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прославил со својот расипан карактер. Овој наследил некои особини од татко си, па ја избркал својата законита жена и живеел незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекорувал и го разобличувал за тоа, па Ирод го затворил. Во една прилика Ирод приредил гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхитила Ирод со својата страсна игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и ветил се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка си, која не можела да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побарала главата на пророкот. Ирод наредил и Јован бил обезглавен. Иродијада продолжила да се изживува над мртвата Јованова глава и го избодела неговиот јазик со игли. Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопал главата на Свети Јован Крстител.


Јасминка Т. Момироска

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Празници

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1162 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833