ОГЛАСИ

Обновено:Во пожар во куќа во Тетово загинаа мајка и четири деца

Вести | Македонија | 25.01.2018 10:39Посети : 1848

Голема трагедија изутринава ги вознемири жителите на тетовската „Горна чаршија“, каде во пожар го загубија животот мајка и нејзините четири деца. Во огнената стихија која го зафатила нивниот семеен дом на улицата „Гоце Делчев, успеале да се спасат свекорот и свекрвата кои спиеле на долниот кат од куќата. Тие успеале навреме безбедно да го напуштат домот кој бил зафатен од огнените јазици. Причините за пожарот сè уште не се познати. Обвинител од тетово повика тим од форензичари од Скопје и екипа од ЕВН да помогнат во увидот со цел да се утврди што навистина се случило во куќата.



Во моментот кога се случила трагедијата, мајката била сама со нејзините деца на горниот кат од куќата, додека нејзиниот сопруг бил на работа. Како што дознава „Макфакс“, во пожарот ги избугиле животите деца на возраст од 6, 9, 12 и 14 години.

Пожарот избувнавл пред 5 часот изутрината, а причините се уште не се познати. Станува збор за постара куќа, која веднаш била зафатена од огнор кој го урнал покривот на куќата. Надлежните претпоставуваат дека можеби тоа и било причина за трагедијата. Семејството најверојатно останало „приклештено“ во домот и не успеало да се спаси од пламенот и чустиот чад кој го зафатил вториот кат од домот. Пожарот е изгаснат со интервенција на пожарникарите, но извори од истрагата велат дека сè уште се издига чад и саѓи од опожарената куќа.

Поради тоа сè уште е отежнат пристапот до местото каде што се наоѓаат телата на жртвите.

„Сопственикот и жената биле на долниот кат од куќата и тие безбедно го напуштиле домот кога пламнал огнот. На горниот кат спиела снаата со четирите деца, додека нејзниот сопруг бил на работа“, велат извори од полицијата. Жители на Тетово коментираат дека ваква трагедија досега не се случила во градот.


Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово во моментов е на местото на настанот и во соработка со увидната екипа од Полициската станица – Тетово и Противпожарната служба врши увид. Обвинителот повика тим за форензика од Скопје и екипа на ЕВН кои треба да помогнат во утврдување на околностите и причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот. ​​


OhridNews
Макфакс

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833