ОГЛАСИ

Мечот со Фени Индустри „финале“ за „галебите во Првата лига

Спорт | Охрид | 26.01.2018 08:15Посети : 561

Охридските кошаркари во 14-та рунда од Првата македонска кошаркарска лига пред своите гледачи во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе одиграат исклучително важен натпревар против составот на Фени Индустри.



Плејоф амбициите на „галебите“ првично зависат од овој меч со кавадарчани, а потоа од другите три натпревари кои ќе ги играат со екипите од подолниот дел од табелата.

Охриѓани пред дуелот со трикратниот шампион на Македонија имаа ист скор 6-7 и со евентуален триумф ќе зачекорат кон плејофот во елитата.



Мотив повеќе за пулените на охридскиот стратег Петар Чочороски сигурно ќе биде несреќниот и незаслужениот пораз од есенската полусезона во Кавадарци. Тогаш, охриѓани изгубија во дополнителните пет минути по многу спорни судиски одлуки.


Натпреварот започнува во 18 часот, а на охридските кошаркари им е неопходна голема поддршка од трибините за што подобар резултат од мечот кој може да се окарактеризира како финале.



Двојки 14.коло: МЗТ Скопје - Струмица, Карпош Соколи - Куманово, Блокотехна - Шкупи, Гостивар - Пелистер, АВ Охрид - Фени Индустри, Работнички - Кожув.

Табела: Работнички 26, Блокотехна 24, МЗТ Скопје 23, Куманово 21, Гостивар 21, АВ Охрид 19, Фени Индустри 19, Карпош Соколи 18, Кожув 17, Пелистер 16, Шкупи 15, Струмица 15.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833