ОГЛАСИ

„Вардарки“ подготвени за стартот на главната фаза во ЛШ

Спорт | Свет | 26.01.2018 09:48Посети : 194

Женскиот ракометен клуб Вардар в сабота во Скопје со почеток во 17:30 часот против составот на Мец ќе ги започне натпреварите од главната фаза во Лигата на Шампиони. „Вардарки“ пред стартот на втората етапа имаат осум бодови и се првопласирани во групата, додека ривалот кој доаѓа од Франција со шест бодови ја зазема втората позиција на табелата.



- Првиот натпревар ни е со Мец, кој е исто така фаворит за Ф4. Тие се многу добри, имаат многу добри играчи, во својот состав имаат и играчи што го освоија светското првенство. За нас ќе биде многу тежок натпревар, затоа што минатата сезона изгубивме таму. Но, сите наши играчи се во добра кондиција, имавме многу време за подготовка, и за анализа на противникот. Очекуваме поддршка од нашите навивачи и ќе дадеме сѐ од себе да победиме. - изјави тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова.


Црногорската репрезентативка во редовите на Вардар, Јованка Радичевиќ смета дека екипата која ќе одигра подобра одбрана ќе се радува на победата и ќе ги освои бодовите.

- После малку подолга пауза почнуваме со главната фаза од Лигата на Шампионите, а целта е јасна, сакаме секој натпревар да го победиме. На почеток ни доаѓа екипа која на секоја позиција има по два одлични играчи, играчи кои освоија светско првенство. Но, подготвени сме. Го гледавме Мец и не ни недостига мотивација да направиме исчекор повеќе од лани. Верувам во својата екипа и дека клучот лежи во добра одбрана, и сигурна сум дека и нашите голмани Амандин Лејно и Ина Суслина ќе бидат одлични како и секогаш. Сигурна сум дека срцето ќе го оставиме на терен, пред сѐ во одбрана. Против нив е важно да имаме малку технички грешки, зашто се екипа која играат во сите можни зони. Верувам дека ќе ги освоиме двата бода и ќе си го олесниме четврт финалето. Посакувам во сабота да се повтори атмосферата каква што беше против Турингер и да почувствува Мец како е да се игра пред полни трибини. Ги повикувам навивачите да дојдат, да нѐ бодрат, зашто со нив е многу полесно да се стигне до победата. - истакна Радичевиќ.



„Црвено црните“ во прелиминарната фаза во ЛШ имаа стопроцентен ефект победувајќи на сите мечеви во групата, а дуелот со Мец ќе биде вистинска можност за испитување на силите.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833