ОГЛАСИ

Откријте дали се храните здраво и зошто се оддалечуваме од традиционалниот начин на исхрана?

Живот | Здравје | 26.01.2018 11:42Посети : 1324

Зошто се оддалечуваме од традиционалниот начин на исхарана, како да се храниме и ослабнеме здраво, како да ги заштитиме очите во студените месеци, какви се последиците од преголема изложеност на интернет, што ни кажува јазикот за нашето здравје... Овие и уште многу други актуелни теми донесува најновото издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, кој деновиве излезе од печат.



-Убаво е чувството кога гледаме дека „Наше здравје“ прерасна во магазин кој едуцира, советува, превенира и помага. Опстојуваме и натаму на стандардите што ги поставивме од самиот почеток, нашата читателска публика постојано се зголемува, а се зголемува и бројот на нашите соработници – медицински стручни лица кои посветено и несебично ги споделуваат своите знаења и придонесуваат во напорите да имаме поквалитетен живот без болести, болки и страдања. Ќе направиме сѐ, и во 2018 година, да останеме на нивото на поставената задача. Ветуваме еднакво квалитетни содржини од признаени стручни лица, силна посветеност, квалитет и уште повисоки стандарди. Ова го правиме затоа што, како одговорни личности, сакаме да дадеме свој придонес во насока на натамошно јакнење на вкупните здравствени станарди во нашата земја. - вели главниот уредник на магазинот „Наше Здравје“ м-р фарм. Марица Угриновска Баткоска.



Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и други препознатливи места во регионот и пошироко.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833