ОГЛАСИ

РСБСП: Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на брзината

Вести | Македонија | 26.01.2018 11:38Посети : 473

Брзината и брзото возење се критичен ризик-фактор за предизвикување на  сообраќајни незгоди со повредени и загинати лица. Околу 40% од сообраќајните незгоди со загинати лица случени на територијата на Република Македонија се предизвикани од возење со брзина поголема од дозволената.  Во 2016 година, 1260 лица се здобиле со телесни повреди или со тешки телесни повреди, а 69 лица – нечии мајки, татковци, синови и ќерки – ги загубиле животите како последица на брзото возење. Слична е состојбата и во 2017 година.


Секое пречекорување на дозволената брзина претставува закана за животот и здравјето на учесниците во сообраќајот, потенцираат од РСБСП. Оттаму, со апел до возачите да бидат максимално одговорни и дисциплинирани и целосно да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.



Почитувањето на сообраќајните правила е гаранција за безбеден сообраќај, затоа РСБСП со потсетување за најважните правила кои се однесуваат на брзината на возење:

• На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 км/х, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел. Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 км/х над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.

• Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 км/х, над дозволената брзина.  Покрај тоа на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.

• Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 км/х над дозволената брзина.  

• Глоба во износ од 10 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода на возач кој во населено место се движи со брзина  поголема до 10 км/х над дозволената брзина.

• На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:
- 130 км/х на автопат;
- 110 км/х на пат резервиран за сообраќај на моторни возила
- 90 км/х на други патишта


• На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.

• Парична санкција во восина од 400 евра во денарска противвредност  ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70 км/х над дозволената брзина. Покрај  тоа  на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
• Парична санкција  во износ од 300 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 до 70 км/х над дозволената брзина  и  ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.
• Парична санкција од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 км/х над дозволената брзина.
• Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода на возачот  кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 км/х над дозволената брзина.

Санкциите за неопочитување на правилата за ограничување на брзината во и надвор од населено место се големи, но онаа што е најважно е возачите да сватат дека тие се намемети за неодговорните возачи и имаат за цел да спасат човечки живот.


OhridNews







© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1380 гласови (88%)

Не - 184 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833