ОГЛАСИ

ЕП: Шпанија ја среди Франција

Спорт | Свет | 26.01.2018 19:36Посети : 266

Шпанската селекција е првата репрезентација која избори пласман во финалето на Европското првенство во Хрватска. „Црвената фурија“ во првиот полуфинален дуел со 27-23 (15-9) ја совлада неприкосновената Франција.



Избраниците на Жорди Рибера не покажаа ниту еден грам респект кон „триколорите“ кои до полуфиналната средба немаа кикснато на ЕП. Добриот почеток на мечот им донесе предност која до првиот дел изнесуваше 15-9.

На стартот од второто полувреме шпанците стигнаа до девет погодоци позитива. И кога сите помислија дека е готово, французите со 6-0 серија се вратија во игра, но „фуријата“ не дозволи пресврт и го доби мечот (27-23).

Голманскиот тандем на Шпанија, Коралес - Штербик искомбинира 13 одбрани, а најпрецизен со 7 голови беше Соле. Кај французите најефикасен беше Сореиндо со пет голови.

Шпанија во финалето силите ќе ги одмери со подобриот од скандинвската пресметка помеѓу Данска - Шведска.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1394 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833