ОГЛАСИ

ЕП: Шведска ја совлада Данска и закажа финале со Шпанија

Спорт | Свет | 26.01.2018 22:32Посети : 306

Најтрофејната селекција на стариот континент, Шведска е вториот патник во финалето на Европското првенство во Хрватска. „Викинзите“ во второто полуфинале со 35-34 ја совладаа Данска по дополнителните десет минути, откако регуларните 60 завршија 28-28 (12-14) и закажаа меч во финалето со Шпанија.



Швеѓаните испуштија прилика уште во регуларниот дел од натпреварот да ја победат Данска прокоцкувајќи предност од три голови (28-25) во финишот. Данците со три погодоци стигнаа до егал и дополнителни десет минути. Во играта гол за гол во продолжението подобро се снајде Шведска која не падна психолошки и ја совлада Данска која направи буквално се во полуфиналето.



Финалниот меч на ЕП ќе се одигра во недела со почеток во 20 часот и 30 минути, додека дуелот за третото место во кое ќе се сретнат Франција - Данска ќе започне во 18 часот.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1153 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833