ОГЛАСИ

Гаревски: Место за паника нема, слабите потреси регистрирани вчера во Охридско се вообичаени афтершокови (ИСПРАВКА)

Вести | Охрид | 27.01.2018 10:20Посети : 2601

Трите земјотреси со слаб интезитет што беа почувствувани во текот на вчерашниот ден во Охрид, предизвикаа мала вознемиреност меѓу населението. На социјаните мрежи во текот на вчерашниот ден една од главните теми беа земјотресите, кои охриѓани ги потсетија на непријатните моменти од изминатото лето кога регионот беше зафатен од таканаречен рој од преку 1200 земјотреси. Најсилниот беше со интензитет од 5.1 степен според Рихтер, кој предизвика материјална штета во градот. Стручњаците сметаат дека во тој момент се ослободила голема енергија и дека е нормално по така силен земјотрес да следат афтершокови кои ќе се чувствуваат подолг педиод, дури до една година.


- Се работи за афтершокови, јас и по силниот земјотрес во Охрид и серијата земјотреси кои следеа, најавив дека цела година ќе имаме земјотреси во истото епицентралнио подрачје, но со слаб интензитет. Ризик секогаш постои, но не очекувам посилен земјотрес од 3 степени. Место за паника нема. - вели сеизмологот Михаил Гаревски.


Вкупните штети од серијата земјотреси што изминатото лето го погодија Охридскиот регион изнесуваат 58 милиони денари, процени Општинската комисија за проценка на штети. Штетата кај индивидуалните објекти изнесува 48 милиони денари, а кај деловните 9 милиони денари. Проценките завршија во месец август по што согласно процедурата соодветната владина комисија треба да се изјасни во рок од шест месеци за настанататите штети и основаноста на поднесените барања за надомест од страна на граѓаните.


OhridNews


ИСПРАВКА:


Во текстот „Гаревски: Место за паника нема, слабите потреси регистрирани вчера во Охридско се вообичаени афтершокови“, направена е ненамерна грешка. Имено во првичната вест, во делот во кој се цитира изјавата на Михаил Гаревски беше објавено дека тој е прв човек на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија(ИЗИИС), што е грешка, бидејќи како што информира ИЗИИС од 15.09.2017 година за директор на оваа институција избран е проф. д-р Влатко Шешов.

Редакцијата на OhridNews се извинува за ненамерниот  пропуст.


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1271 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833