ОГЛАСИ

Честитка од градоначалникот Стојаноски до српската заедница во Охрид по повод празникот Св. Сава

Вести | Охрид | 27.01.2018 10:45Посети : 518

Градоначалникот Јован Стојаноски, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница.


-Најискрено, во името на граѓаните на општина Охрид, упатувам искрени честитки , по повод 27-ми Јануари, националниот ден на српската заедница, денот на првиот српски архиепископ Свети Сава, еден од најзначајните верски и национални празници на српскиот народ, кој се прославува секаде каде што живеат Срби. Како нераскинлив дел на македонското општество, Вие континуирано придонесувате кон градење на соживотот и меѓусебното разбирање. Уверен сум дека така ќе биде и во иднина и Ви посакувам овој празник да го поминете во мир, семејна среќа, благосостојба и добра мисла.


Празнувањето на денот на Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога, кон себе и кон блиските, духовна крепост и патоказ кон иднината исполнета со слобода, хуманизам, благодет и напредок.Тие се универзални вредности кои ги спојуваат н унапредуваат заедништвото, почитувањето на различностите и градењето на подобра иднина за сите. - се вели во честитката на градоначалникот Јован Стојаноски до припадниците на српската заедница. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833