ОГЛАСИ

Обновено: Заев оптимист по средбата на државниот врв околу проблемот со името

Вести | Македонија | 27.01.2018 23:54Посети : 932

Пет часа траеше средбата на државниот врв на која присуствуваа и претставници на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во врска со процесот за решавање на пробпемот со уставното име на земјата што го има нашиот јужен сосед.



-Овој процес бара инклузивност, посветеност и политичка одговороност со цел градење национален консензус во Република Македонија. Со решавањето на билатералниот спор кој трае 25 години имаме цел да обезбедиме напредок и интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и заштита на националните интереси и достоинството на нашиот народ. За да ги оствариме овие цели неопходна е вклученост на Владата, опозицијата, Претседателот на државата, како и навремено и објективно информирање на граѓаните на Македонија. За тоа е потребна политичка волја и храброст од наша страна, но решение е можно доколку таква политичка волја постои и на грчката страна. Интеграцијата, заедно со реформите и економските мерки се клучни за подобар живот на сите граѓани во Република Македонија. Им го должиме тоа на граѓаните и затоа ние, како Влада на Република Македонија ќе продолжиме да разговараме со сите политички чинители дома, како и со политичките претставници на Република Грција. - истакна по средбата премиерот Заев, изразувајќи оптимизам дека е можно решение на деценискиот спор со Грција.


На средбата што се одржа во Скопје на иницијатива на Министерството за надворешни работи присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорѓе Иванов, министерот за надворешни работи Никола Димитров и лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833