ОГЛАСИ

„Цедена“ - Нова книга од Ристо Лазаров

Живот | Книга | 28.01.2018 10:05Посети : 480

Излезе од печат триесеттата по ред книга поезија на поетот Ристо Лазаров со наслов "Цедена". Форматот на книгата е ист како и последните десетина книги на овој поет: седум циклуси по седум песни, плус една воведна песна.


Автор на поговорот кон "Цедена" е проф. Лидија Капушевска Дракулевска, која потсетува дека е познат ставот дека поезијата за едно пее, на друго мисли и укажува дека алузивноста и асоцијативноста на песната на Ристо Лазаров е нејзина иманентна одредница на која упатувале многубројни проследувачи и толкувачи на овој „бунтовник по природа“ и „ангажиран интелектуалец“ во современата македонска поезија: од Анте Поповски и Георги Старделов, преку Катица Ќулавкова и Гојко Божовиќ, сѐ до Лидија Димковска и Владимир Мартиновски. Капушевска-Дракулевска го поставува прашањето: зошто Ристо Лазаров ја одбрал токму таа таинствена „цедена насмевка“ за амблем на својата најнова поетска книга? И нуди можен одговор: за да го сугерира парадоксот на пеењето/живеењето кои секогаш пулсираат некако помеѓу; помеѓу сериозното и обичното, возвишеното и баналното, универзалното и миговното, трагичното и убавото... Дали тоа не е имплицитна побуна против заложништвото на дневно-политичките настани во кое упаднале и поетите, тие вечни боеми?! Се губи ли естетското за сметка на етичкото?! Или, пак, сознанието дека понекогаш насмевката кажува многу повеќе од зборот, ја потхранува вербата во опстојувањето на комуникацијата во современиот свет во кој, за жал, како да не постои повеќе дијалог и разбирање помеѓу луѓето, дури и помеѓу оние кои со „исти усти / - различни јазици зборуваат“, како што вели на едно место поетот?!


"Цедена" е издание на "Везилка 2011" и, како за сите нејзини изданија, не е барана државна финансиска поддршка.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833