ОГЛАСИ

Рожер Федерер триумфираше на Австралија Опен

Спорт | Свет | 28.01.2018 12:45Посети : 272

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер се искачи на тронот на грен слем турнирот во Австралија победувајќи го Марин Чилиќ во финалето со 3-2 во сетови (6-2, 6-7, 6-3, 3-6, 6-1).



36-годишниот тенисер со победата над Хрватот стигна до шестата титула на австралискиот грен слем турнир, а до јубилејниот 20-ти трофеј од четирите големи турнири во „белиот“ спорт.



Првиот сет му припадна на Швајцарецот со 6-2, а после тај брејк во вториот сет хрватскиот тенисер изедначи на 1-1. После третиот сет Федерер повторно поведе овој пат со 2-1, а Чилиќ одново имаше сили и се врати во игра добивајќи го четвртиот сет за егал 2-2.



Федерер со два брејка го скрши Чилиќ и со 6-1 го доби решавачкиот петти сет со кој ја освои титулата и ја проби магичната граница од 20 грен слем турнири во машкиот тенис.



Швајцарецот втор пат го победува Чилиќ во финале на грен слем турнирите. Прв пат искусниот тенисер поуспешен беше во финалето на Вимболдон минатата година.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833