ОГЛАСИ

Бајката на Федерер продолжува

Спорт | Свет | 28.01.2018 16:53Посети : 261

Рожер Федерер е првиот тенисер во светот кој ја проби магичната бројка од 20 освоени титули од четирите грен слем турнири. Швајцарецот до 20-от трофеј во кариерата стигна победувајќи го Марин Чилиќ во пет сетови во финалето на Австралија опен.



- Кога ќе дојдите до големото финале цело време размислувате како ќе тргне дуелот и кој ќе се радува на крајот. Ова за мене е права бајка, која започна минатата, а продолжуваа оваа година. - изјави Рожер Федерер и додаде околу дуелот со Марин Чилиќ во финалето. - Сакам да му се заблагодарам на Марин за фер и коректната игра и да му честитам за целиот турнир кој го имаше. Сакам да да му порачам на Марин да продолжи да работи и тренира и кога тогаш ќе дојде плодот.



Најновата титула е шеста вкупно за Федерер на австралискиот грен слем турнир и се изедначи по бројот на трофеи на вечната листа со Новак Ѓоковиќ и Рој Емерсон. Федерер осум од вкупните 20 титули има освоено на Вимболдон, на пет титули се има радувано на УС Опен, а еднаш го има покорено францускиот грен слем турнир, Ролан Гарос.


Рожер Федерер триумфираше на Австалија Опен


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1393 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833