ОГЛАСИ

„Чист Охрид“: Зеленилото позади гимназија преполно со отпад

Вести | Охрид | 28.01.2018 22:42Посети : 1063

Членовите на нформалното еко движење „Чист Охрид“  денеска организираа акција за расчистување на тревната површина зад гимназијата Св. Климент Охридски. Собрани биле седум вреќи најразличен отпад.





-Од фотографиите може да се види дека состојбата беше прилично загрижувачка и дека е потребно под итно да се работи на свеста на учениците и училиштето, но и на граѓаните, бидејќи најнечистите делови беа долж оградата па може да се претпостави дека минувачите придонеле кон хаосот кој го затекнавме на локацијата. Најголем дел од отпадот се состоеше од амбалажа од сокови, мали чоколади и слични производи. Исто така, како и на други локации, можеше да се види дека отпадот стои таму подолго време, па зеленилото го имаше најдено својот пат над него. - велат од „Чист Охрид“.





Од „Чист Охрид“ забележуваат дека на тој простор нема поставено ниту една корпа за отпадоци. Апелираат до надлежните да бидат поажурни во справувањето со проблемот со отпадот кој го има Охрид,  а градот и училиштата да преземат итни едукативни и практични мерки кои би делувале превентивно во иднина, создавајќи одговорни граѓани кои се свесни дека онаму каде што живеат нема простор и изговор за расфрлан отпад.


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1396 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833