ОГЛАСИ

Левица му го замрзна членството во партијата на Бранимир Јовановиќ

Вести | Македонија | 28.01.2018 23:48Посети : 685

Президиумот на политичката партија Левица, на седница одржана на 26 јануари 2018 година, донесе одлука за изрекување мерка замрзнување на членството на Бранимир Јовановиќ – во јавноста познат како актуелен советник на Министерот за финансии – Драган Тевдовски и апологет на штетните економски политики на Владата предводена од СДСМ, соопшти партијата.



„Како што јавноста е веќе запозната, Јовановиќ минатата година поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица (координатор на Програмски сектор Економија и член на Централниот комитет на партијата), а ја прифати понудената функција советник во Кабинетот на Министерот за финансии. По ова, ЦК на Левица едногласно ја прифати неговата оставка и пасивизацијата на неговото членство и реши да не го сакционира на никаков начин, туку само да ја следи неговата работа во новата Влада. Но, по последниот развој на настаните – поврзани со носењето на серија крајно штетни економски одлуки кои не беа предвидени ниту во предизборната програма на владејачката коалиција – Президиумот, согласно интерниот Правилник за дисциплинска одговорност на членовите, одлучи привремено да го замрзне членството на Бранимир Јовановиќ во Левица, поради јавно застапување политики и ставови кои се суштински спротивни на нашата идеологија и на најважните основачки акти на партијата: Статутот, Платформата и Политичка програма на Левица.“ -  се вели во образложението на одлуката на Левица. 

Клучни за ваквата одлука на президиумот на Левица се наведуваат следните владини мерки, во чие донесување ресорното министерство имало најголем удел: (1) Отворената законска „дупка“ за манипулација при исплатата на минималната плата, преку нерегулирањето на нормираниот учинок; (2) Предлог-Буџетот на Министерството за финансии за 2018 год. којшто структурно не се разликува од буџетите на Режимот, кога министер за финансии беше Зоран Ставрески; (3) Зголемувањето на ставката за патни трошоци на пратениците во Собранието на РМ и на другите избрани или именувани јавни функционери; (4) Зголемувањето на цената на горивата, преку зголемување на акцизата; (5) Намалувањето на т.н. еко-буџет за заштита на градовите од аерозагадување и за зачувување на животната средина и на природата; (6) Укинувањето на даночните ослободувања за ситните земјоделци; (7) Воведувањето на физичките лица, во најголем број прекарни работници и хонорарци, како ДДВ обврзници и сл.

„Левица бара од министерот Тевдовски и од неговите советници, доколку себеси сè уште се декларираат за социјалдемократи, да престанат да ги празнат џебовите на работниците, за сметка на невоведувањето прогресивен данок со кој би ги опфатиле енормно високите приходи на олигарсите и на богатите.“  - порача Левица.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833