ОГЛАСИ

Се сретнаа највисокиот човек и најниската жена во светот

Занимливости | Свет | 29.01.2018 07:00Посети : 1243

Највисокиот човек во светот, Турчинот Султан Косен, во петокот во Египет се сретна со неговата спротивност – најниската жена во светот, Индијката Јоти Амге, пренесува „Макфакс“.



Косен, кој е висок 251 сантиметар и Амге која е висока само 60 сантиметри се фотографираа со пирамидите во Египет каде што престојувале на покана на египетскиот одбор за промоција на туризмот и учествувале на конференција во Каиро.


Косен и Амге од 2011 година се носители на Гинисови рекорди и оттогаш немаат конкуренција. 35-годишниот Косен ја презеде титулата од Кинезот Си Шун, чија висина изнесува 233 сантиметри и кој е сопственик на најдолгите раце во светот.


Амге е впишана во Гинисовата книга на рекорди во 2011 година кога имала 18 години. Таа се занимава со глума и водителство.


OhridNews
извор: „Макфакс“

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833