ОГЛАСИ

Штербик: Тука сум ако треба, но голманите нека бидат здрави

Спорт | Свет | 29.01.2018 12:40Посети : 638

Од својот дом дојде како замена за повредениот Гонзало де Варгас, а со своето искуство најмногу придонесе Шпанија да го скрши малерот и во петтиот обид да стигне до првиот медал со златен сјај од европските шампионати. Наградата за играч на натпреварот доволно говори за учинок на Арпад Штербик во средбата со „викинзите“ во финалето.



- Двете најхрабри екипи се сретнаа во финалето. Швеѓаните со победата над Хрватска и елиминацијата на Данска покажаа дека заслужуваат да играат во финалето. И добро го отворија финалето во кое ни даваа многу лесни голови. До полувремето ништо не се промени, но потоа заигравме добра одбрана, јас успеав да фатам неколку топки и психолошки се кренавме многу. Има неколку момци како мене кои се во години и завршуваат со своите кариери и многу ми е мило што освоија златен медал. Се надевам во иднина дека нема им требам и голманите кои ќе бидат во составот ќе бидат подготвени за настап, а ако затреба тука ќе сум секогаш. - изјави Штербик.



Шпанија во финалето со 29-23 ја совладаа Шведска, а претходно во 1/2 финалето славеа против Франција која до тогаш немаше пораз на ЕП во Хрватска.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 583 гласови (31%)

Не - 1306 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833