ОГЛАСИ

Законски измени за возачите кои имаат над 65 години

Вести | Македонија | 29.01.2018 12:53Посети : 2402

По повеќе од шест месеци собраниска и владина процедура, деновиве стапија на сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата што се однесуваат на поврасните возачи. Измените предвидуваат возачката дозвола за лицата постари од 70 години да се издава со рок на важење до три години, наместо до 65 години како што тоа беше случај до сега.


Од РСБСП потенцираат дека возраста на возачите претставува еден од факторите што значително влијаат врз безбедноста на сообраќајот.



- Генерално, постојат две најзастапени групи учесници - причинители на сообраќајни незгоди, а тоа се младите возачи на возраст до 24 години и возачите постари од 60 години. Ризикот за учество во сообраќајни незгоди кај овие возачи е повисок во однос на останатата популација возачи. Во младите години, како предуслов возачите да учествуваат во сообраќајна незгода, се наметнува недоволното искуство и обученост за справување со предизвиците во сообраќајот, а во постарите години, тоа се физиолошките и психолошките промени кај личноста, велат од Републичкиот совет за безбедност на патиштата.


Повозрасните возачи се соочуваат со опаѓање на психофизичките функции, а нивните психомоторни способности се на пониско ниво, со што доаѓа до зголемување на индивидуалните разлики. Поизразени промени во делот на функциите на целиот организам и перцептивно-моторните способности се јавуваат по 40 годишна возраст.
Промените на функциите кај повозрасната група возачи се прикажуваат преку слабеење на видот, посебно можноста за гледање во ноќни услови и во услови на заслепување. Реакциите кај овие возачи се побавни, а движењата помалку координирани. Краткотрајното паметење и обработката на информации се послаби, така што возачите на оваа возраст тешко можат да проценат сложена сообраќајна ситуација. Тешко се одлучуваат и не можат да го прилагодат маневрирањето при ненадејни и изненадни промени на сообраќајната ситуација бидејќи имаат проблем со времето во сите фази на прием, обработка и пренос на информациите.


Според научните согледувања, најголем број од незгодите што ги предизвикуваат возачите постари од 65 години, можат да се припишат на информационите пропусти. Со стареењето, процентот на незгоди што се случуваат поради информациони пропусти и погрешно донесени одлуки, значително се зголемува. Сериозен недостаток кај старите возачи претставува можноста за навремено забележување и одржување растојание.


Потребно е да се истакне дека возрасната група - постари возачи не претставува хомогена целина бидејќи меѓу нив постојат големи индивидуални разлики што се зголемуваат со текот на годините. Затоа, не е пожелно да се ограничуваат старосните граници во поглед на дозволата за возење, освен во случај кога непосредните фактори упатуваат на тоа. Во оваа насока, законодавецот во Р.Македонија за категоријата постари лица предвидува ограничувања што се однесуваат на важноста на возачката дозвола која им се издава на овие возачи. Имено, според новите измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во член 304 став 1 се предвидува возачката дозвола за лицата постари од 70 години да се издава со рок на важење до три години.


На лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 65 години, возачката дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст. Возачката дозвола може да се издаде или нејзината важност може да се ограничи и на пократки рокови, а во зависност од наодот и мислењето на здравствената установа, содржани во уверението за здравствената и психофизичката способност на лицето.


OhridNews



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1162 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833