ОГЛАСИ

Обвинувања за работењето на локалната во изминатите 100 дена, Стојаноски отчет за сработеното ќе даде утре

Вести | Охрид | 29.01.2018 14:12Посети : 728

За 100 дена мандат на градоначалникот Јован Стојаноски и Локалната власт на СДС видовме неспособност, хаос, лаги и понижување. За само 100 дена, граѓаните на Охрид сфатија дека она што СДС им го ветуваше пред изборите, е спротивно од она што СДС го прави после изборите. Каде е градоначалникот? Дали направи нешто во интерес на охриѓани?, праша претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на денешната прес конференција одржана по повод 100-те дена мандат на градоначалникот Јован Стојаноски.



- Ништо не направи, општинските служби ги остави ништо да не работат, имаме само една недовршена патека во дворот на Општината. Имаше средба со лице за кое ја излажа јавноста дека е Шеик, а без ниту една дипломатска средба. Политичките и  непринципиелни одлуки и овој пат не го заобиколија Охрид. Нема ништо од големите ветувања на Јован Стојаноски, рече Пецаков. Тој додаде дека единствено се сака со омаловажување и непризнавање на постигнатите резултати од претходната локална власт, да се најде алиби за сопствената немоќ и неспособност да се оствари тоа што беше ветено од оваа локална власт.


Пецаков обвини за зголемување на трошоците за живот, за поскапување на водата, се уште неисплатеното обесштетувањето за штетите од земјотресите.


- Незаконската промена и тортура на директорите од претходната власт на образовни институции, јавни претпријатија и раководни места во државните институции, а назначување на кадри врз принципот на непотизам и партиска припадност. Бркање од работа од училишта, градинки и полиција и вработување партиски послушници на сметка на избрканите стручни и компететни сограѓани, назначување на членови на Управни и Надзорни одбори спротивно на Законот, цвета бизнисот на урбаната мафија која експресно воскресна, серија скандали во ЈП „Градски Гробишта“, уништување на здравството и поигрување со животот на граѓаните, ги наведе Пецаков низата обвинувања кон локалната самоуправа и градоначалникот. Во освртот кон изминатите 100 дена на новата локална власт, Пецаков рече дека градоначалникот ги препишал сите програми од претходниот градоначалник кои ги критикувал, меѓу кои и урбаната опрема, а за која на угостителите им ветувал дека ќе ја измени, и ќе ги ослободи од истите давачки.


Градоначалникот Јован Стојаноски прес конференцијата на општинската ВМРО ДПМНЕ ја коментираше како вид на политички бон тон.



- За утре е предвидено да дадам отчет-кратка информација за се она кое јас како градоначалник и општинската администрација и советот го сработивме во изминатите 100 дена. Стотиот ден беше во сабота и веднаш да се прозива, според мене не е коректно, но не се лутиме, изјави Стојаноски.


Потенцира дека ќе продолжат активностите за реализирање на ветената и предвидена програма.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1396 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833