ОГЛАСИ

Строги санкции за непочитувањето на сообраќајните правила

Вести | Македонија | 29.01.2018 16:38Посети : 2475

Следејќи ја состојбата со сообраќајот, на ниво на цела држава, констатирана е појава на недисциплина и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Поради тоа, министерството за внатрешни работи подготви низа мерки и активности што ќе се реализираат во наредниот период, како во поглед на засилена превенција, така и во поглед на ригорозно спречување на ваквиот негативен тренд, информираа од МВР.



- Во наредниот период најстрого ќе бидат санкционирани сообраќајните прекршоци кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и слично, рече на денешната прес конференција, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.


Во урбаните средини, заради обезбедување на поголема проточност на сообраќајот, ќе има засиленото присуство на сообраќајната полиција и “пајак“ возилата. Исто така, најригорозно ќе бидат санкционирани и прекршоците во поглед на неовластено вградување и користење уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци во возилата (т.н. флешери).


- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, не за да го избегнат плаќањето на казните туку, пред се, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата, потенцираат од МВР.    


Од почетокот на годината до денеска седум лица го изгубиле животот во сообраќајни незгоди во Република Македонија.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 583 гласови (31%)

Не - 1306 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833