ОГЛАСИ

АБА: Патот од 1000 километри најголем противник на охриѓани

Спорт | Охрид | 30.01.2018 08:15Посети : 556

Кошаркарите на АВ Охрид во 16-та рунда од Втората АБА лига гостуваат кај тимот на Рогашка во Словенија. „Галебите“ речиси цел ден ќе го поминат во пат, бидејќи местото Слатина каде ќе го одиграат натпреварот од Охрид е оддалечено повеќе од 1000 километри.



- Токму патот ќе биде наш најголем противник, а потоа составот на Рогашка. Ние најмногу се подготвуваме за патот, бидејќи ќе ни одземе повеќе време. Како и да е, на мечот со Рогашка патуваме со добри мотиви и надеж за поволен резултат. - изјави тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.

- На претходните мечеви од АБА лигата покажавме дека можиме, ова ќе ни биде нова шанса да се докажиме и ќе се обидеме да ја искористиме. - додаде Американецот, Рос Кенет.



Охридските кошаркари имаат скор од 1-15 и се наоѓаат на последната позиција, додека тимот на Рогашка со 8-7 скор се на половина од табелата, односно шестото место.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1153 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833