ОГЛАСИ

Олеснувања на казнената политика во делот на фискализацијата

Вести | Охрид | 30.01.2018 15:31Посети : 905

Со најновите измени на законот за регистрирање на готовинските плаќања, предвидени се олеснувања на казнената политика во делот на фискализацијата, информираат од Управата за јавни приходи.



• Кога УЈП ќе изрече глоба за непоседување на фискален апарат - на даночниот обврзник му се овозможува да продолжи со работа пред истекот на времената забрана за вршење на дејност, само доколку набави фискален апарат и претходно поднесе барање до УЈП со прилог доказ за набавен фискален апарат и платена глоба.


• Кога УЈП ќе изрече забрана за вршење на дејност во деловната просторија (објект) поради неиздавање фискални сметки за извршениот промет или извршената услуга – на даночниот обврзник му се овозможува да продолжи со работа пред истекот на времената забрана за вршење на дејност ако ја плати глобата. Ако обврзникот ја плати глобата за време на траење на изречената забрана за вршење на дејност, треба да поднесе барање до УЈП и да приложи доказ за платена глоба. Во тој случај, УЈП ќе го отпечати деловниот простор и ќе му дозволи на обврзникот да продолжи со вршење на дејност.


Од УЈП со апел до даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет, со цел избегнување на казни. УЈП спроведува засилен мониторинг на готовинскиот промет на терен во делот на фискализацијата.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1236 гласови (88%)

Не - 161 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833