ОГЛАСИ

Општината нема евиденција со колкав имот располага

Вести | Охрид | 30.01.2018 16:35Посети : 949

Освен финансискиот долг, општина Охрид се соочува и со големи материјални долгови, поради претходно предвидени, а нереализирани инфраструктурни зафати. Општината истовремено нема точни податоци со каков имот располага. Независно по кој основ настанал долгот на општината, дневно во вид на затезни камати општината губи и по 10.000 евра, односно две вработувања, информира градоначалникот Јован Стојаноски, одговарајќи на новинарските прашања околу моменталната финансиска состојба на општината.



- Општина Охрид треба прво да си го знае имотот со кој располага, но жално е што во билансот на состојба на општината, многу од она што се смета  како имот, па и општинската зграда, не се евидентирани. Ние не знаеме со колкав имот располагаме. Не ги знаеме ни кои се побарувањата кои ги имаат граѓаните. Проблем е и материјалниот долг. Во минатото се планирале улици, не се изградиле и тие стојат како материјална обврска на општината да ги изгради. Со тоа пак, нараснуваат долговите, вели Стојаноски.


Стојаноски најави средба со граѓаните и инвеститорите за решавање на проблемите околу висината на комуналиите.



- Често во секторот за урбанизам се цртаат планови во кои се предвидени одредени активности, изградба на објекти, а за сето тоа општината треба да направи соодветна инфраструктура. Ние имаме ситуации кога со надоместокот за уредување на градежно земјиште–комуналиите, не ги покриваме трошоците. Тоа е системски проблем кој генерира загуби во општината, вели Стојаноски.


Иако градоначалникот не сакаше да ја открие моменталната висина на долгот, како што рече поради одредени причини, кажа дека е упатен повик до доверителите по кој тие треба да се изјаснат кој дел од долгот го простуваат, за да се знае понатаму како побарувањата ќе се подмират. Откако сите овие проблеми ќе се решат, тогаш може да се има точна претстава за моменталната состојба и понатамошните чекори кои ќе бидат преземени околу задолжувањето, нагласи градоначалникот Стојаноски.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833