ОГЛАСИ

Магнетните полови на Земјата би можеле да се променат

Занимливости | Охрид | 30.01.2018 23:10Посети : 1160

Магнетните полови на Земјата може да се променат за прв пат после 786,000 години и “смената“ би можела да има значителни последици врз современиот електронски свет.



Доколку половите се променат, компасите ќе покажуваат на југ, што може да има огромни последици врз електричната мрежа на Земјата, иако ова најверојатно нема да се случи веднаш.


Во новиот извештај на „Futurism“ се вели дека “смената“ би можела да и овозможи на радијацијата да стигне до земјината површина и да направи хаос со сателитите.


Научниците користејќи сателити за да ги анализираат поместувањата на магнетното поле на Земјата заклучиле дека северниот магнетен пол е „турбулентен и непредвидлив“- пренесува „Futurism“.


Но, пред да се упатиме кон засолништата, научниците смируватт и посочуваат дека тоа нема да се случи веднаш, туку за 2000 години според нивните предвидувања.


Исто така, смената на половите нема да се случи наеднаш, туку тој процес ќе трае неколку стотини години, давајќи ни време да се подготвиме за промената.


Од НАСА ја негираат тезата дека смената на магнетните полиња може да доведе до апокалипса. „Науката ни покажува дека магнетните полови можат да се завртат обратно и тоа е честа појава која се случува постепено со милениуми. Иако причинте кои доведуваат до смена на магнетните полови не се целосно разјаснети, северниот магнетен пол може бавно да ја смени својата насока на движење. Не постојат геолошки докази кои сугерираат дека било кое сценарио за крај на светот поврзано со смена на магнетните полови треба да се сфати сериозно“ - велат од НАСА.


А.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1397 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833