ОГЛАСИ

ВМРО ДПМНЕ: Во отчет треба да кажеш што си сработил, а не што планираш да работиш

Вести | Охрид | 31.01.2018 11:08Посети : 942

Уште еден очајнички обид за дефокусирање на јавноста и продолжение на замајување на охриѓани, со тавтолошко набројување на веќе ветените нереализирани проекти, е оценката на општинската ВМРО ДПМНЕ на вчерашната прес конференција на градоначалникот Јован Стојаноски и отчетот за сработеното во изминатите 100 дена.



- 100 дена синоним за нетранспарентно, неотчетно и неотворено работење. Главна активност им била препишување на програмите и протоколите за работа од претходната Локална самоуправа. Неговиот отчет всушност е програма за работа за 2018 година каде што тој ги искажа сопствените желби за работа. Најчесто употребуван е зборот „ќе“ во целиот памфлет како и „во тек се активности“– набројани, но незапочнати. Кога презентираш отчет треба да кажеш што си сработил ти, а не што планираш да работиш, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.


Оттаму со тврдење дека е лага изнесеното од градоначалникот дека од претходната Локална самоуправа не наследил ниеден проект и дека првите 100 дена ги потрошил на објавување на тендери за изработка на проекти.


- Ако отворите на веб-страницата на општина Охрид во делот за јавни набавки во архива на набавки ќе видите дека во 2017 година била спрведена само една постапка за обезбедување на проектна документација и тоа постапката завршила во септември додека градоначалник бил Никола Бакрачески. Во делот активни тендери нема ниту еден кој се однесува на изработка на проектна документација. Комплетната проектна документација за реконструкција на кровот на градинката „Развигорче“ заедно со одобрението за реконструкција и комплетната реконструкција како и промена на системот на греење во градинката „Росица“ се комплетно сработени за време на мандатот на Никола Бакралески и ВМРО-ДПМНЕ. Го повикуваме Стојаноски јавно да го објави проектот. За уредување на плоштадот „Табана“ минатата Локална самоуправа изработи комплетен основен проект со ревизија. Недостигаше само одобрение за градба. Стојаноски за 100 дена не успеа да обезбеди одбрение за градба и да ги отпочне градежните активнсти, велат од ВМРО ДПМНЕ.


Додаваат дека за проектот „Пешачка патека Саат кула до Света Сава“ на градоначалникот му била оставена комплетна документација основен проект и соодветно одобрение за градба.


- Зошто не успеа да ги отпочне градежните активности? Реконструкцијата на патот Косел-Вапила е проект за кој Стојаноски наследи завршена тендерска постапка од минатата Локална самоуправа откако претходно општина Охрид доби грант од Светска банка. И ова е лесно проверливо. Проектот за био-гориво е аплициран и добиен од страна на минатото раководство на ЈП „Охридски Комуналец“ а сега останува да видиме дали тимот на Стојаноски ќе успее да мрдне еден чекор од овој проект. Што се однесува до Охридската касарна деталниот урбанистички план е днесен многу одамна а Стојаноски ништо не направи барем да го преземе владението со истата иако тоа е завршена работа и формален чин, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 583 гласови (31%)

Не - 1305 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833