ОГЛАСИ

Истекува рокот за реализација на препораките од УНЕСКО

Вести | Охрид | 31.01.2018 13:59Посети : 930

На 1 февруари истекува рокот кој Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ѝ го зададе на Република Македонија во Одлуките 41 COM 7Б.34 усвоени на 41-та сесија на Комитетот за светско наследство одржана во Краков, Полска во јуни 2017, потсетуваат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС.


До овој датум Република Македонија треба да поднесе Извештај за напредок во имплементацијата на препораките од здружената Реактивна мониторинг мисија на Центарот за светско наследство, IUCN и ICOMOS. Ова е дел од процедурата кој државата треба да преземе како не би дозволила единственото УНЕСКО добро да се стави на Листата на Светско наследство во опасност што би можело да води до целосно бришење од листата на Светско наследство на УНЕСКО, потенцираат од Охрид СОС.



Според предложениот распоред на Реактивната мониторинг мисија (стр.71), заклучно со 1 февруари, 2018 се очекува да е постигнат следниот напредок:


1. Трајно отфлање на планот за ски центар во Националниот парк Галичица.

2. Трајно отфлање на секциите А и Е и суспендирање на останатите секции од планираниот експресен пат А3 низ Националниот парк Галичица.

3. Прогласување мораториум на сите градежни модификации на крајбрежјето и урбаното подрачје во рамките на Светското наследство, сè додека не се изработат сите релевантни плански документи (План за управување, Урбанистички/Мастер план за крајбрежјето врз основа на Исклучителната универзалната вредност (ИУВ) на доброто  итн.), не се прифати соодветна правна регулатива и не се воспостави ефикасна контрола.

4. Изработка на темелна проценка за утврдување на заштитната зона на Светското наследство, што идеално би го вклучила и Преспанското Езеро.

5. Иницирање на Стратешка оцена за влијанието врз животната средина (СОЖС) за Планот за управување со охридскиот регион 2016-2025.

6. При изработката на СОЖС, строго да се внимава на кумулативните влијанија од било какви инфраструктурни проекти (крајбрежни и урбани) врз ИУВ на доброто. Истата да биде поднесена до Центарот за светско наследство пред да се преземат било какви одлуки кои би биле непоправливи.

7. Стопирање на процесите на легализација на бесправно изградените објекти сè додека не се направи нивна евиденција и не се изработи оцена на влијанието врз природното и културното наследство на сите нелегално изградени објекти.

8. Ригорозна примена на законите како би се спречило секакво нелегално градење.

9. Вклучување на локалната заедница и невладините организации кон вистински партиципативен приод кон управувањето со Светското наследство.


- Имајќи ги во вид големите потенцијални последици за статусот на Светско наследство на Охрид и регионот доколку овие мерки не бидат преземени, како и во интерес на обезбедување јавен увид во владините политики, неопходно е граѓаните на Република Македонија да бидат информирани за случувањата во врска со овој извештај, велат од Охрид СОС.


Охрид ЅОЅ очекува целосно и транспаренто објавување на Извештајот и формално образложение за мерките кои се преземаат како на Охрид долгорочно би му се гарантирал статусот на Светско природно и културно наследство.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1380 гласови (88%)

Не - 184 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833