ОГЛАСИ

Протест на патриотските здруженија, бараат Нимиц да се повлече од медијаторската позиција

Вести | Македонија | 01.02.2018 00:18Посети : 654

Патриотските здруженија пред Собранието протестираа синоќа против промена на името на Република Македонија, во пресрет на доаѓањето на медијаторот Метју Нимиц, пренесува „Макфакс“. Граѓаните пред Собранието носеа македонски знамиња и транспаренти со кои порачуваа дека не сакаат промена на името.



 


Учесниците на протестот упатија неколку пораки до Нимиц, до власта и до претседателот Ѓорге Иванов. „Нимиц да се повлече од срамната недостоинствена и за нас недозволива позиција на посредување на наметнат и апсурден спор со името, да престане да биде учесник во геноцидот и во уништувањето на македонскиот народ и држава, како и во повредувањето на македонскиот идентитет“, порачаа на протестот.


Тие бараат Нимиц да им ја пренесе на ОН пораката за несогласување, како што рекоа, „да се откажеме од нашето основно право и слобода да бидеме тоа што сме – Македонци“.


„Македонскиот народ нема да ги прифати овие решенија и ќе се бори со сите средства за враќање на одземениот суверенитет и за ревизија на сите спорни одлуки против државните интереси. Метју Нимиц да достави извештај до ОН дека македонскиот народ бара од него неотповиклива оставка на медијаторсата позиција и дека сака Република Македонија да биде примена на ОН под уставното и државото име. Истата порака ја упатуваме и до претставниците на ЕУ и НАТО во земјава, кои ги поддржуваат овие непринципиелни политики“, беше истакнато на протестот.


OhridNews
извор: „Макфакс“

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1404 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833