ОГЛАСИ

И официјално од 1 јуни стартува чартер линија Талин - Охрид

Вести | Охрид | 01.02.2018 17:33Посети : 1873

Од први јуни престолнината на Естонија Талин и Охрид ќе бидат поврзани со чартер линија. Ова е договорено на туристичката презентација на Македонија во Естонија што се оджржува деновиве, информирaат од ТА „Фибула Травел“.



-Со авионските чартер линии ќе оперира естонскиот авиопревозник „Нордика“, а пакетот аранжмани за охридско - струшката ривиера, кои ќе бидат едно и двонеделни, се веќе подготвени во соработка со естонскиот тур-оператор „Ауринко“. - информираат од ТА „Фубула Травел“, која ќе се грижи за престојит на естонските туристи во Македонија.



На презентацијата во Талин, на која присуствуваа претставници на туристичкиот сектор на Естонија и гости, меѓу кои и aмбасадорот на Република Македонија во Естонија Слободан Саздов, ТА „Фибула“ ги презентираше туристичките потенцијали на земјата со акцент на планинскиот и езерскиот туризам во Охридскиот регион.



Презентацијата на туристичките потенцијали на охридскиот регион во Естонија се реализираше во рамки на ИМЕ програмата имплементирана од „Swisscontact“.


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833