ОГЛАСИ

Наумче Мојсоски нов претседател на РК Струга

Спорт | Македонија | 02.02.2018 09:29Посети : 1208

Ракометната легенда на Македонија, Наумче Мојсоски е нов претседател на Ракометниот клуб Струга. Мојсоски на изборното собрание со акламација беше избран за нов предводник на струшкиот клуб.



- Враќањето во Струга како прв човек на клубот кој ми пружи се што требаше на кариерата ми дава голема одговорност. Наша заедничка цел е враќање во Струга во Супер лигата, а се надевам на помош од Струга и целата земја. - изјави Мојсоски.



Сега веќе поранешниот претседател на РК Струга, Сашо Србиноски му го честиташе изборот на Мојсоски и рече дека го направил најдобриот потег убедувајќи го да се врати во клубот.

- За крај на мојот мандат во Струга сите (ќе) можиме да се пофалиме со враќањето на Наумче Мојсоски во клубот. Многу ми е драго што никогаш не заборави каде започна и се врати помеѓу сите нас, бидејќи ваков човек ни беше повеќе од потребен. - рече Србиноски.



Со доаѓањето на Мојсоски ќе треба да се врати екипата во Супер лигата, но и сјајот на Меѓународниот ракометен турнир кој повеќе од четити децении се одржува во август месец на теренот на „Женска плажа“.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1162 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833