ОГЛАСИ

Охрид ЅОЅ со предлог-проект за заштита и туристичка валоризација на Студенчишко Блато

Вести | Охрид | 02.02.2018 12:38Посети : 397

Секоја година, на 2 февруари се слави Светскиот ден на блатните екосистеми. Овогодинешната тема е Блатните екосистеми за одржлива урбана иднина, што повикува на препознавање на виталната улога што блатните екосистеми ја играат за урбаните средини. Годинава, а во духот на веќе тригодишната битка за заштита на Студенчишко Блато, Охрид ЅОЅ го објавува предлог-проектотза одржлив развој на Блатото со хармонизација на заштитата на неговата уникатна природа и негово ставање во функција на туризмот. Предлог-проектот е изработен од членовите на Иницијативата, а минатата недела му беше предаден на градоначалникот на Општина Охрид, проф. д-р. Јован Стојаноски и останати вработени од Општина Охрид.



Како што информираат од Охрид СОС, проектот се темели на два основни, и во урбаното планирање сосема занемарени, аспекти на Студенчишкото Блато:


1. Екосистемските услуги преку кои Блатото ја обезбедува благосостојбата на луѓето, од каде што произлегува неоходноста и ургентноста не само за негова заштита, туку и за ревитализација на деградираната површина, барем во проценетите 63,97 хектари според Интегрираната студија од 2012г.;


2. Искористување на Блатото во насока на туристичкиот развој на регионот што само по себе е уште една од екосистемскитеуслуги, а тоа е културолошката.


- Екосистемските услуги, едноставно кажано, се разбираат како економска добивка за општеството од процесите на екосистемите. Во случајот со Студенчишко Блато, тоа се функциите кои тоа ги врши како прочистувач на водите, заштитник од поплави, одржувач на биолошката разновидност, мрестилиште на риби, гнездилиште на птици, собирач на јаглероден диоксид, регулатор на микроклимата, место за рекреација итн. Големината на блатото гиодредува и неговата функција, квалитет и отпорност. Но, ако се изгубат, трошоците за надоместување на овие екосистемски услуги ќе бидат огромни и неподносливи за македонската економија, а некои нема воопштода може да се надоместат. Сето тоа на најголема штета на Охридското Езеро како природно богатство и доминантен туристички ресурс за Македонија, велат од Охрид СОС.


Со овој проект на Охрид ЅОЅ, локацијата на Студенчишкото Блато е замислена како музеј на отворено, место за интеракција со природата, за истражување на сопственото минато, едукација и јакнење на свеста за виталната важност на зачуваните екосистеми, за нераскинливата врска меѓу квалитетот на нашите животи и здравата животна средина,ново место за рекреација. За валоризација на Блатото како туристички производ, проектот нуди изобилство на идеи за уредување на просторот без негова деградација. Така, Студенчишко Блато би се развило во туристичка атракција од нов вид, но и проширена со Билјанините извори и ранохристијанската базилика.


Исто така, проектот нуди и краток акциски план за организирано остварување на понудениот концепт, а понудени се и идеи за почетно финансирање и обезбедување на финансиска одржливост на проектот, за што е нужна сеопфатна и стручна имплементација и посветеност. Овој проект е всушност последната од многуте активности на Охрид ЅОЅ за спас на Студенчишко Блато.


Годинава, од 30 април до 4 мај Охрид ќе биде домаќин на 13-тата Европска конференција на Друштвото на научници од областа на блатните екосистеми чиешто остварување го потпомогна Охрид ЅОЅ, а која во Охрид ќе донесе десетици најеминентни научници од оваа област.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833