ОГЛАСИ

Османи: Ѕвездите ни се наместени во 2018 да наравиме исчекор кон ЕУ и НАТО, доколку не успееме не чека неизвесна иднина

Вести | Македонија | 02.02.2018 15:20Посети : 1081

Македонија треба да ја искористи шансата која и се пружа во 2018 година да направи придвижување кон членство во ЕУ и НАТО, во спротивно не чека неизвесна иднина. Ова денеска во Струга го изјави вицепремиерот за евринтеграции Бујар Османи на работната средба со градоначалнивите и претставници на локални самоуправи од Југозападниот плански регион на која се разговара за подигнување на капацитетите за подобро искористување на ИПА фондовите.


-Ние сме оптимисти дека ќе се реши проблемот со името. Некако ѕвездите се така наместени за конкретен пробив. 2019 е изгубена година, заради тоа што има избори за Европскиот парламент и не може да се очекува европските држави да бидат фокусирани на балканот, а има избори и во Грција и во Македонија и не очекуваме никаков можен пробив во решавањето на проблемот. 2018 е таа година, ако ја пропуштиме оваа шанса мора да бидеме искрени пред граѓаните дека во наредните 10 години не ќе може да направиме никаков пробив, што ќе значи тоа за една мала држава надвор од НАТО и ЕУ во ваква геополитичка констаација, ќе мора сите трезвено да размислиме. - рече Османи.


Вицепремиерот Османи додаде дека очекува заедничко прифатливо решение на проблемот со името кое ќе биде достоинствено за Македонија.



Бујар Османи


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1236 гласови (88%)

Не - 161 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833