ОГЛАСИ

ВМРО ДПМНЕ: Дали прекинувањето на проектот за Центарот за култура значи живот за Охрид и охриѓани?

Вести | Охрид | 03.02.2018 13:03Посети : 786

СДСМ и министерот за култура Алаѓозоски немаат кредибилитет да говорат за заштита на културното наследство, смета ОК ВМРО ДПМНЕ - Охрид. Партијата го критикува говорот на министерот Алаѓозоски на конститутивната седница на основачкиот состанок на Комисијата за управување со наследството на охридскиот регион, со наводниот ризик за Охрид, во кој тој истакна дека постои опасност од губење на статусот град под заштита на УНЕСКО. Алаѓозовски ги манипулира граѓаните, спротивно на изјавите од официјалните лица на комисијатата на УНЕСКО во нивната официјална посета во кои експлицитно се вели: „Никогаш не дошло во прашање Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО, на Охрид не му се заканува бришење од листата“, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ.


Партијата бара министерот Алаѓозовски да им објасни на охриѓани: Дали прекинувањето на проектот за Центарот за култура значи живот за Охрид и охриѓани?; Веднаш транспарентно и целосно да се објави извештајот и да се образложи кои мерки се преземаат?; Каде е наводниот нов Закон за заштита на културното наследство?; Што се случи со системот на задолжително финансирање на спомениците од листата на споменици од национално значење?


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833